ecf27b0063714c63b4325ecb783a3b8a_original

Фото: Kickstarter

Часовникот Horizon не ги покажува секундите, ниту минутите. Наместо тоа, ги означува четвртините од секој час, на пример три часот и 30 минути или шест и 15 минути.

Horizon, дело на старт-ап од Велика Британија, е водоотпорен до длабочина од 100 метри, па корисникот може слободно да плива, да се тушира и да нурка без да го извади часовникот од рака.

Ременчето е дизајнирано да биде удобно, естетско и да не се уништува под вода. Horizon е достапен во четири различни варијанти, секоја со уникатен изглед, а неговата батерија трае до 45 месеци.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter, када досега има собрано 299.638  долари од потребните 41.579 долари, а кампањата трае уште 17 дена.