Фото: Pixabay

Приходите на хрватски Агрокор во првите два месеца од оваа година изнесуваа 415,3 милиони евра, а оперативната добивка достигна 9,5 милиони евра, соопштува вонредната управа на Агрокор.

Податоците, како што се наведува, се однесуваат на 16 компании во три деловни сегменти на Агрокор, а тоа се: малопродажба, големопродажба, храна и земјоделие.

Приходите на Конзум во првите два месеца го надминаа планираното за 1,5% и достигна ниво од околу 166 милиони евра.

Од први април, хрватскиот концерн Агрокор почна да работи под новото име Фортенова група.