Фото: Facebook

Хрватската фабрика за чоколади Краш промовираше уникатен производ, чоколадна палата во чест на градот Сплит. Станува збор за реплика на познатата палата на Диоклецијан, симбол на приморскиот град кој датира од третиот век, објави Jutarnji.

Новиот уникатен и ексклузивен производ е направен од оригиналната форма на палатата и се заснова на научен модел направен во 2015 година. Чоколадната палата е изработена од бело чоколадо, тежи 300 грама и чини 17,5 евра. Се продава само во продавниците на Краш и во продавнците за сувенири низ Сплит.

Како додаток на чоколадото, купците добиваат и информативна брошура на хрватски и англиски јазик во којашто е опишана историјата на Диоклецијановата палата.

Идејата за овој проект се родила минатата година кога се реновирала централната продавница на Краш во приморскиот град.