Фото: Hugo Boss

Модната куќа Hugo Boss претстави линија на вегански чевли направени од Pinatex, материјал којшто се базира на преработени листови ананас. Тој во себе не содржи никакви животински производи, а бојата се добива од растенија, пишува Dezeen.

Чевлите имаат ѓон од рециклиран термопластичен полиуретан (TPU) и се достапни во четири бои, портокалова, сина, црна и жолта. Освен што се вегански, тие исто така не штетат на околината. Доаѓаат спакувани во рециклирана биоразградлива хартиена кутија изработена од 100% обновливи влакна.

Pinatex е производ од постоечката индустрија за ананас, којшто им овозможува на одгледувачите да заработат продавајќи отпад, што инаку би останал неискористен.

Материјалот за прв пат беше креиран пред седум години од доктор Кармен Хихоза, поранешен консултант во кожната индустрија.