Осум деца имаат потреба од неопходна помош за лекување! За сите нив, Фондацијата Допир организира заедничка хуманитарна акција за која детално можете да се информирате на страната: www.bidihumansega.mk

Фондацијата ДОПИР од Скопје, е непрофитна Хуманитарна Организација која работи на собирање средства за помош на деца кои имаат здравствени потреби а нивните социјално загрозени семејства не се во можност да обезбедат средства за неопходно лекување. Ние сме им последна надеж дека ќе успеат.

Нивна задача е на организиран начин заедно со сите хумани и општествено одговорни луѓе, да помогнат семејствата да обезбедат средства за лекување на своите најмили и со донација по избор да им се даде шанса овие деца да се изборат за својот живот.

Донации те се распределуваат подеднакво на секое дете од програмата.

Фондацијата ги повикува сите да помогнат колку можат за и овие деца да станат нечии родители!