Производителот на автомобили Hyundai нуди виртуелен авто-салон во одделот за возила на најголемата компанија за онлајн трговија Amazon. Во “салонот“ се уште не можат да се прават нарачки, но можат да се погледнат детали за различни модели на автомобили со линкови што водат до локални продавачи пишува Engadget.

Во виртуелната соба корисникот може да види цени и опции за секој модел на Hyundai, да одбере различни бои споредувајќи ги со моделите, да погледне фотографии од автомобили и слично. Штом ќе одлучи да купи автомобил корисникот ќе биде пренасочен до страницата Hyundai.com, односно до конкретниот модел.

Во “салонот“ може да се закаже и пробно возење, онаму каде на купувачот му одговара. исто така има и калкулатор за лизинг, како и линк за лоцирање на локалните дилери на возила, или најблиските дилери.

Фото:Hyundai