Фото: Pixabay

Група студенти од Универзитетот Аристотел од Солун ја развија апликацијата iCry2Talk, којашто им кажува на родителите зошто плаче нивното бебе, пишува Greek reporter.

Според студентите, звуците што ги испуштаат новороденчињата се поврзани со одредена негова физички или психолошка состојба. Бебешкиот плач е и прв обид за нивна комуникација со светот.

Апликацијата користи алгоритми што го анализираат плачот на бебињата и го претвораат во разбирливи информации за родителите.