По повод 75 годишнината од своето постоење IKEA повторно ќе го “оживее“ стариот мебел, односно дел од парчињата што биле произведени во минатото, почнувајќи од 1950-та па се до 2000-та година.

Токму пред 75 години, во јули 1943 година, Ингвар Кампрад ја основа познатата шведска компанија за мебел и додатоци за домот, пишува Dezeen. Од испорака на нарачки со велосипед до една од најуспешните компании во светот IKEA помина долг пат, со што го загарантира својот успех и за генерациите што ќе дојдат.

Старо-новата колекција е насловена како Gratulera, а ќе содржи реинтерпретација на некои од најпознатите парчиња на IKEA од ламби до кујнски сетови, а меѓу нив ќе се најде и првиот Klippan кауч и ретро фотелјата Ekenäset.

Првата колекција, што ќе го оживее мебелот од 50-те и  60-те години на минатиот век, ќе биде достапна веќе од овој месец. Втората со реконструкција на парчиња од 70-те и 80-те ќе се појави во октомври, додека третата со модели од  90-те и оние од новиот милениум ќе биде претставена во декември.

Фото: IKEA