Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во споредба со август 2018 година, е зголемен за 0,2 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 %, Алкохолни пијалаци за 1,5 % и Безалкохолни пијалаци за 0,4 %, додека  намалување е забележано во групата Ноќевања за 0,3 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 3,1 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 2 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,6 %.