Државниот завод за статистика го објави податоците за индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, за мај 2018 година и тие се пониски за 1,0% во однос на претходниот месец. Додека, пак, истите индекси во однос на мај 2017 година бележат раст за 0,8%.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари на месечно ниво се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,2 %, додека во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,1 %.

Споредбата на годишно ниво покажува дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки и во секторот Рударство и вадење на камен и тоа за 7,0 %, и во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 %.