vegetableФото: Pexels

Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 1,1%, а кај аутпутот се бележи намалување од 16,6%.

Во јануари 2018 година, во споредба со јануари 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.7.

Во делот аутпут, во јануари 2018 година, во споредба со јануари 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 77.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.5.