Државниот завод за статистика ги објави индексите на цените во земјоделството во јуни 2018 година. Според податоците од ДЗС индексот на цените кај инпутот во јуни е зголемен за 8,0% во однос на истиот месец од претходната година, а кај аутпутот за 4,6%.

Во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, индексот на цените на тековно потрошените средства во земјоделството, односно инпут 1, изнесува 108,5 индексни поени, додека, пак цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,2 поени.

Годишната споредба на аутпутите е следнава: индексот на цените на растителното производство изнесува 104,1, а индексот на цените на добиточното производство е 105,7.