Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 8,2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2,1 %.

Во септември 2018 година, во споредба со септември 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 108.7, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.2.

Во делот аутпут, во септември 2018 година, во споредба со септември 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.6.