Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, остануваат непроменети на месечно ниво, а пониски за 1% на годишно ниво.

Во септември 2018, во споредба со август 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 0,2%, Капитални производи 0,1%, Трајни производи за широка потрошувачка 0,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во септември 2018, во споредба со септември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 7,7%, Капитални производи 0,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.