Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,6 % на месечно ниво, а се повисоки за 0,5 % на годишно ниво.

Во август 2018, во споредба со јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,2 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 %, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,5 %.

Во август 2018, во споредба со август 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,4 %.