Државниот завод за статистика ги соопшти податоците за индексите на прометот во секторот Трговија за мај 2018 година. Според објавеното, индексите на прометот за претходниот месец, во однос на мај 2017 година, бележат зголемување и тоа во следниве групи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,0 %, а реално за 9,7 %),
  • Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7,7 %, а реално за 4,9 %),
  • Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10,3 %, а реално за 8,0 %) и
  • Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 12,8 %, а реално за 1,9 %)