Фото: Maison Milan

Наместо традиционалниот нож, на пазарот доаѓа иновативен изум со рачка од леано железо и дрвено сечило. Можеби изгледа чудно, но сепак функционира одлично.

Благодарение на цврстата железна рачка, ножот стои сам, исправен, а автентичното сечило направено од ореово дрво, лесно се ракува и сече зелена салата и секаков вид на зеленчук, речиси без звук.

Задниот дел од рачката може да се користи како аван и толчник, бидејќи без напор меле и толчи сол, бибер, зачини, па дури и јаткасто овошје. Додека, пак широката дрвена подлога, освен што беспрекорно сече е идеална и за собирање на состојките пред да се стават во тава.

Оваа иновација е дело на дизајнерката Чифен Ченг, а во соработка со реномираниот канадски бренд за ножеви Maison Milan и е добитник на престижната Grand Prix du Design 2018 награда и чини 97 долари.