business-561387_960_720

Фото: Pixabay

Учеството на иновативните деловни субјекти во вкупниот број деловни субјекти, во периодот 2014 – 2016 година, изнесува 37,4%, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Под иновативни деловни субјекти се подразбираат деловните субјекти коишто во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ, процес, организациска или маркетиншка иновација.

Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 34% имаат воведено иновација на производ и процес, а 35,2% имаат воведено организациски и маркетиншки иновации. Исто така, од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 16,6% имаат истовремено воведено производ, процес, организациски и маркетиншки иновации.