pexels-photo-70912

Фото: Pexels

Неверојатни 75% од сите автомобили коишто ги прозвела компанијата Rolls-Roys се се уште во возна состојба.

Компанијата Мерцедес ја основал австро-унгарскиот конзул Емил Јелинека, кој одлучил својата компанија да ја крсти по името на својата ќерка Мерцедес.

Пакистанците во 2010 година го срушија рекордот на луѓе кои успеале да влезат во Smart кола. Ги собрало дури 19.

Најпродаван автомобил во историјата е Toyota Corolla. Од почетокот на производството во 1966 година до сега се продадени повеќе од 40 милиони примероци.

Најголемата казна во историјата е изречена во Швајцарија за зголемување на брзината, а изнесувала дури милион долари.

Моментално во светот се користат околу милијарда автомобили, а сите производители заедно секојдневно произведуваат повеќе од 165.000 автомобили.

Најскапиот автомобил во светот не е ниту Bentley, ниту Ferrari, туку Lamborghini Veneno, којшто е производен во вкупно девет примероци. Брзината која ја достигнува е 355 км/ч, а чини 4,5 милиони долари.

Само-возечките автомобили на Google во текот на тестирањата пројдоа повеќе од 500.000 километри, а притоа беа дел од две сообраќајни несреќи. Во двете несреќи дошло до човечка грешка, а резултатот беше само мала материјална штета.

Ferrari ја негува традицијата на ексклузивен бренд, па маерно произведува само 14 автомобили на ден, додека на пример Toyota секој ден произведува дури 13.000.

Во текот на јубилејната епизода на шоуто на Опра Винфри во 2004 година, секој од 276 гледачи во студиото добил нов Pontiac G6 вреден 28.500 долари. Што значи вкупната вредност на поделените автомобили надминала 7,9 милиони долари.