Интернешнел хотелс, во текот на деветте месеци од оваа година, евидентираше загуба од 6.337.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.841.000 денари.

“Остварен е негативен финансиски резултат во износ од 6,337 милиони денари. Во деветте месеци од 2018 година остварени се вкупно 27.125 ноќевања, што е за 7,23% помалку споредбено со 2017 година“, стои во Коментарот кон билансот на успех објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, изнесуваа 67.550.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 76.733.000 денари.