Фото: Kickstarter

iPin Pro е ласерско метро што се закачува на задниот дел на телефонот и ја користи неговата камера за да измери одредено растојание.

Производот мери висина, должина и длабочина на објектите што ги слика, а исто така може да се користи и без телефон за да се измери одредена должина.

Ipin Pro е компатибилен со IOS и Android оперативните системи, а се поврзува преку Bluetooth.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Алхамбра, Калифорнија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 37.640 долари од потребните 23.238, а кампањата трае уште 38 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.