IRL очилата, односно In Real Life, се очила со коишто корисникот може да контролира што и како ќе гледа на еден екран. Овие очила овозможуваат “живот во реалноста“ или “да се гледа се само не екраните околу нас.“ Тие блокираат LCD/LED екрани преку т.н. хоризонтална поларизирана оптика.

Дизајнот е инспириран од култен филм од 80-тите каде магични очила блокираат реклами.

Доаѓаат во црна боја со печатено бело IRL лого на двете рамки. Очилата функционираат и како нормални очила што ги блокираат штетните УВ зраци.

IRL очилата се најновиот проект на Иван Кеш од Калифорнија, кој веќе една деценија работи на поврзаноста на технологијата со човекот.

Производот има и кампања на платформата Kickstarter каде што досега има собрано 28.539 долари, а побарани биле 25.000 долари. Кампањата трае уште 26 дена.