Фото: Pixabay

Во Романија оваа година за прв пат ќе бидат претставени куќи со изолација од овча волна, пренесува Romania Insider.

“Овој природен производ е исклучително вреден ресурс, има голем број предности, бидејќи се работи за природен во споредба со оние што се користат во моментот“, велат од тамошното Министерство за земјоделство.

Во тек е процес за добивање одобрение за овој производ. Во три романски градови се произведува волна со различна должина, дебелина и густина, што ќе се користи за топлинска изолација на објекти.

Исто така, можна е соработка на производители на дрвени куќи од Германија и Белгија за потенцијална соработка. Изолацијата со волна е соодветно и прилагодени за дрвени конструкции.

Во Романија во текот на 2017 година имаше околу 9,8 милиони овци.