Фото: QE2

Еден од најпознатите крстосувачки бродови во светот, легендарниот Queen Elizabeth 2, поставува ново поглавје во историјата. QE2, којшто го имаше своето прво патување во 1969 година, повторно ќе биде пуштен во употреба како пловечки хотел во Дубаи.

Бродот ги отвора вратите за јавноста оваа среда, на 18-ти април, пишува Independent.ie.

QE2 ќе ги задржи парчињата мебел, реномираните слики и познатите сувенири. Оригиналните прозорци, исто така, остануваат, иако собите за гости се модернизирани и опремени со најнова технологија. Ги има со големина од 17 па се до 76 метри квадратни.

По четири децении британскиот QE2 беше купен од Дубаи и остана на пристаништето во градот речиси 10 години.

Официјалното испловување ќе биде во октомври.