Од денес (06.08.2018) започнува примената на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Берзата за кои е добиена согласност од одборот на директори на Берзата, базирана на одлуката бр.02-829/1 од 19.06.2018 година за измени и дополнувања на Правилата за тргување и Решението на Комисијата за хартии од вредност бр.УП1 08-32 од 16.07.2018 година.

Со новите услови во коишто се врши поврзувањето на членките и Берзата, се извршија измени и дополнувања во Глава X од Правилата за тргување, со кои што се регулира начинот на обезбедување на комуникација и се регулира постапувањето во случај на нефункционирање на комуникациските водови помеѓу членките и Берзата.

Истовремено, со оваа Одлука се врши измена во член 59, став 6 од Правилата, со која се предвидува подетално уредување на можноста за користење на т.н. специјален ден на порамнување.

Пречистениот текст на Правилата за тргување може да се најде на интернет страницата на Берзата.