Централниот регистар на Република Македонија ги известува корисниците дека изврши надградба на системот за Е- регистрација преку кој се поднесуваат пријавите за упис на основање, промени и бришења на друштва согласно Законот за трговски друштва. Имено во електронската Пријава за упис, во листата за избор на тип на прилог, додадени се нови типови на прилози во кои регистрационите агенти ги прикачуваат доказите кои се поднесуваат како прилози кон пријавата за упис.

Измената е направена со цел да се овозможи прилозите кои корисниците ги поднесуваат како докази кон Пријавата за упис да се прикачат во типови на прилози со назив идентичен на документот кој се прикачува. (Пример доказ Изјава, се скенира во тип на прилог со назив Изјава, ЗП образец, во тип на прилог со назив ЗП образец)