Согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 27.07.2018, а врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот,  НЛБ Банка ги повикува сите заинересирани да учествуваат на Годишното собрание на акционери.

Како што стои во соопштението од Банката Годишното собрание ќе се одржи на 06 септември 2018 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка, најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието.

Повеќе детали за дневниот ред и начинот на пријавување ќе најдете на следниов линк.