На седницата одржана на 23.04.2019 година, Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар:

  • ДС Смитх АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација заради ненавремено објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 31.12.2018 година
  • РЖ Институт АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација заради необјавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 31.12.2018 година наместо на 01.03.2019 ќе ги објави најдоцна до 15.03.2019 година и ненавремено објавување на образложение кон неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 31.12.2018 година
  • Жито Караорман АД Кичево, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 30.06.2018 година, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01. – 30.09.2018 година, како и необјаување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01. – 31.12.2018 година.