ЈСП Скопје ги известува корисниците дека линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд (6-7.10.2018 година) ќе има измена во возниот ред.

Терминот за поаѓање на автобусот во 7.30 часот, се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот. Изминатиот период, терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на планинарите и поради високите температури во летниот период.

Од ЈСП потсетуваат дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.

Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село).