Фото: Kickstarter

KableCARD во себе содржи 6 различни типови на кабли и адаптери, коишто се најчесто користени, а неговата големина е еднаква на кредитна картичка.

Кога KableCARD е вклучен во струја, ги полни телефоните безжично. Корисникот одредува на каков начин сака да го полни својот телефон.

Футролата е одлични решение за нередот што можат да го предизвикаат разните видови на кабли и адаптери. Во него сите се уредно спакувани, а корисникот брзо и лесно го одбира потребниот кабел.

KableCARD може да се носи во чанта, ранец, а го собира и во паричник и џеб.

Производот исто така е читач на мемориски картички, а може да се користи и како потпора за телефонот, додека корисникот гледа видео, на пример.

Футролата е дело на старт-ап од Сингапур и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 88.735 долари, од потребните 6.407 долари. Кампањата трае уште 34 дена, а првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.