Голем број на бизниси за жал се осудени на пропаст. Некои порано, некои подоцна ќе направат грешки што ќе ги чинат неуспех. Иако бројни анализи укажуваат зошто, каде и како претпримачите грешат, некои од најчестите проблеми и грешки се уште се провлекуваат.

За да не бидете и вие еден од оние кои ќе се најдат на “губитничката“ листа, послушајте ги следните совети.

Недоволно планирање

Сте старувале бизнис, а не сте направиле добар план во случај истиот да не застане на цврсти нозе. Прво и основно е дефинирање и планирање на бизнисот, а потоа следуваат сите останати сегменти.

Лошо дефинирање на производот/услугата

Доколку тоа што го нудите не се разликува од конкуренцијата и не решава конкретен проблем на купувачите, вие всушност не сте направиле ништо. Тоа што клиентот секогаш го бара и ќе го бара е вистинско решение, спакувано во достапно издание.

Лош менаџмент

Можеби тоа што го нудите е одлично, но доколку сте вработиле луѓе кои не умеат истото да го претстават и презентираат како што треба, успехот ќе ве одмине.

Недоволно истражен пазар

Ако не сте ја направиле потребната анализа на пазарот каде сакате да преставите свој производ или услуга, нема да можете ни да започнете како што треба. За да умеете да навлезете во одбраната индустрија потребна е добра подготовка, а за тоа ќе ви требаат искусни луѓе и ментор што имаат добри познавања од бизнисот од којшто сакате да станете дел.

Недостаток од маркетинг

Добриот маркетинг може да направи чуда. Клиентите нема да “паднат од небо“. Некој/нешто ќе треба да им каже дека има нов играч на пазарот што ќе ги реши нивните потреби. Без добро испланирана маркетинг стратегија не ни помислувајте да стартувате. Ретко на кој бизнис може тоа да му успее, затоа постапете паметно.

Фото:Pixabay