Фото: Pexels

Не е лесно да бидете добар шеф, со кого вработените одлично ќе се сложуваат и ќе го почитуваат. Понекогаш, сигурно сте помислиле дека што и да направите е залудно и дека вашите вработени едноставно не ве сакаат.

Како треба да постапите?

Вработете луѓе на кои им верувате

Кога вработените чувствуваат дека им веруваат и се чувствуваат ценето, тие ќе дадат се` од себе и ќе работат одлично. Ценете ги своите вработени, поддржувајте ги, дајте им ги сите потребни информации, бидете им на располагање и пофалете ги кога ќе направат нешто добро.

Не плашете се да признаете грешка

Понекогаш може да погрешите или да испуштите некоја информација, но важно е да бидете доволно храбри да го признаете тоа, дури и пред вашите вработени. Не грешат само тие! Затоа, бидете искрени со нив и тие ќе бидат искрени со вас, Така, многу полесно ќе си ги признаваат сопствените грешки. Довербата којашто ја градите на ваквиот начин е она штое  навистина важно.

Имајте ги сите потребни информации за работата

Бидете запознаени со работата која вашите вработени ја работат и бидете спремни да им помогнете, да ги подржите и да се “борите” заедно со нив. Кога ќе знаете што работат, ќе ви биде полесно да ги распределите задачите и да ги воочите пропустите што можеби постојат во комуникацијата или задолженијата. Секако, не мора ова да го правите секој ден, но покажете интерес понекогаш.

Искрениот коментар е најважен

Навистина е важно да разговарате со вашите вработени, искрено за се`. Ваквите разговори нема секогаш да имаат убав тек и нема секогаш да бидат пријатни, но подобро е да бидете искрени навреме, отколку подоцна да настане хаос. Затоа, ако видите нешто што не е во ред, реагирајте веднаш.

Слушајте внимателно и потрудете се да најдете решение

Кога некој од вашите вработени има проблем, многу е важно внимателно да слушате и да ја согледате целата ситуација. Секогаш треба да бидете фокусирани на решавање на проблемот за да ја придобиете нивната доверба. Затоа, пронајдете начин да го решите проблемот.