cup-2592041_960_720

Фото: Pixabay

Пријателскиот однос помеѓу шеф и вработен е најчесто тежок да се постигне, но не е невозможен. Анализите покажуваат дека пријателството помеѓу шефот и вработените може да ја зголеми ефективноста на работата и до 50%.

Шефот треба да знае што ги мотивира вработените и да им помогне да ги остварат нивните цели, а со тоа и целите на компанијата. Еве како тоа да се постигне.

Сите третирајте ги подеднакво

Не треба да вработите некој само затоа што ви се допаѓа. Секој вработен треба да биде посветен и да има страст кон работата, а вие како шеф треба да му дадете до знаење дека е значаен дел од тимот. Треба да покажете дека им верувате на сите што се дел од компанијата.

Бидете искрени и директни

Треба да бидете искрени со сите вработени. Да им кажете дали и колку сте задоволни од нивното работење и што сакате да постигнат во наредниот период. Пофалете ги кога ќе сработат нешто добро и кажете им што треба да променат. Тие не можат да ви ги читат мислите.

Погрижете се да ги чуете мислењата на сите

Ваша работа е да го извлечете најдоброто од секој вработен, да бидете сигурни дека секој има слобода да ви предложи нешто ново и да ви го каже своето мислење. Не треба да оставите впечаток дека сте затворени за идеи. Строгоста не секогаш дава позитивни резултати.

Дружете се, но не на социјалните мрежи

Во некои компании има посебен простор во којшто може да се разговара со колегите, место за мал одмор и релаксација. Времето поминато таму е од особена важност за вашиот однос со вработените. Тоа може да го направите и во просторот наменет за работа, но без да претерувате. Сепак, експертите советуваат да не одите предалеку и не ги “додавате“ вработените на социјалните мрежи.