Фото: Pixabay

Ако сакате да го извлечете најдоброто од себе на работното место, следете ги следниве неколку совети.

Доаѓајте навреме

Многу е важно да го започнете денот рано и навреме да пристигнете на работа. Со тоа ќе го намалите стресот од причина што не доцните и ќе ја “фатите“ работата како што треба.

Облечете се соодветно

Иако мислиме дека облеката не е важна за целокупниот перформанс на работното место, докажано е дека тоа не е баш така. Луѓето ве сфаќаат многу посериозно и гледаат во вас професионалци кога сте соодветно облечени за приликата.

Мал разговор со шефот

Ако случајно налетатe на вашиот претпоставен додека сте на работа, слободно започнете разговор. Во зависност од тоа колку добро се познавате кажете нешто повеќе за себе, поставете прикладно прашање или едноставно констатирајте нешто очигледно.

Одете на пауза со колегите

Не бидете од оние кои ги одбегнуваат заедничките паузи за ручек. Излезете со колегите, бидете меѓу луѓе. Една кратка дружба може да биде само позитивно искуство од кое што големи се шансите да научите нешто ново и да добиете повеќе енергија за остатокот од денот.

Барајте повратна информација

Настојувајте да добиете конструктивен фидбек од колегите па и претпоставените. Критиките добри или лоши сметајте ги како важна информација за она што (не) сте го постигнале досега и во која насока треба да се движите.

Кажете го своето мислење

Кога сте на состанок и сакате нешто да кажете, не се воздржувајте. Поставете прашање или дајте го своето мислење. Доколку не го направите тоа, може ќе зажалите што сте ја испуштиле шансата. Луѓето ќе ве запознаат подобро ако го чујат вашиот став и мислење за одредена тема.

Планирајте

На крајот на денот направете краток план за утрешните обврски. Запишете ги. Планот нема да ви одземе многу време, а ќе ви даде насока на решавање на задачите. На тој начин ќе бидете поорганизирани, а со тоа и попродуктивни.