balance-3062272_960_720

Фото: Pixabay

Понекогаш е навистина тешко да се направи баланс помеѓу работата и слободното време. Сепак со добро менаџирање на времето и обврските и тоа е возможно.

Крајот на работното време значи одење дома

Кога сте завршиле со обврските, напуштете го вашето работно место и одете си дома. Трудете се да не останувате повеќе пет (освен кога е навистина потребно). Пет минути може да се претворат и во неколку часови.

Не одолговлекувајте

Додека сте на работа исклучете се од друштвените мрежи за да не ви го одземаат вниманието. Доколку сите задачи ги завршите на работното место, помалку ќе останат за дома.

Не превземајте премногу обврски

Доколку не морате, не превземајте обврски што не можете да ги исполните. Иако ова е начин да се докажете на работното место, размислете дали е вредно да ја трошите енергијата што ја немате, работејќи под притисок.

Направете пауза за ручек

Не ја избегнувајте паузата за ручек за да завршите што повеќе работа. Тие половина час уживање во храната ќе придонесат за повеќе позитивни емоции.

Одвојте време за пријателите

Пријателите нека не бидат вашиот партнер или вашите колеги. Долго заборавените пријатели сигурно ќе успеат да ве орасположат и да ви ги трнат мислите од работата барем на кратко.

Барем еден час дневно не го проверувајте мејлот

Оставете ги пораките од мејлот. Можат да почекаат некое време. Издвојте барем еден час или ако сте во можност цел викенд за да го опуштите мозокот и да соберете доволно енергија.