pexels-photo-54300

Фото: Pexels

Пролетниот замор не е ретка појава. За среќа, постои решение и се почнува од правилната исхрана и физичката активност.

Како да го намалите нивото на стресот на телото

Најважно е да сфатите дека пролетниот замот е само минлива фаза, но мора да го оставите телото да се навикне. Пробајте да ја прилагодите температурата во работната просторија, секогаш да биде на едно исто ниво. Одредете си ги дневните и неделните рутини, така што и телото ќе има некој распоред на обврските. Немојте премногу да се форсирате. Поместувајте ги постепено границите и задачите коишто ги ставате пред себе. Секоја нагла промена и дополнително оптеретување е нов стрес којшто ќе го издржите можеби неколку дена, но не и долг период.

Како да ја зголемите енергијата

Секогаш земајте доволно вода, не дозволувајте да дехидрирате. Водата го чисти телото од токсини, а заморот е еден од првите знаци на дехидрација. Ова е наједноставниот и најефикасниот начин да ја зголемите енергијата.

Исто така, многу е важно, барем еднаш во денот да конзумирате свежо овошје или зеленчук.

Не заборавајте да дишете длабоко. Барем три пати во текот на денот направете вежба со 10 длабоки вдишувања.

Вежбајте и престојувајте надвор. Само 15 минути на сонце може да му дадат на вашето тело доволна количина на витаминот Д, за тој ден. Со вежбањето го подигнувате нивото на енергија, а ако немате време за одење во сала за вежбање, одвојте време барем да се истегнете.

Медитација и слични вежби за релаксација се одлична идеја и секако дајте му го на вашето тело потребниот сон.