Егото може да биде голема пречка, како на приватен така и на професионален план. Добро е да се има самодоверба, но кога таа прераснува во егоистичност може да изгубите многу. Како да го сместите сопственото ЈАС во граници што не пречат на успехот?

Посветеност

Не се споредувајте со никого и посветете се на вашата визија. Успешните претприемачи без изговори одат напред и ја следат својата замисла. Едноставно немаат време за самопроценки и самовоздигнување и не дозволуваат некој или нешто да им попречи на патот кон успехот.

Резултатот не дефинира

Без разлика што ќе се случи, тоа не ја дефинира личноста и нејзиниот карактер. Кога ќе се постигне успех, тој треба да се сподели, да биде заеднички за сите инволвирани во компанијата или проектот. Клучно е да не се земаат заслугите само за себе, па дури и ако сте биле главниот “виновник“ за успехот.

Споделување

Многу основачи сакаат да бидат во центарот на вниманието, главни и да се опкружат со луѓе кои имаат “споредни“ улоги. Важно е да се запомни дека секој си има свој придонес за крајните остварувања. Затоа, дајте им го потребното внимание и помош на тие што им треба. Големината на лидерот е во можноста да создаде лидери, ѕвезди, а не во самопромоцијата.

Подготвеност за нов предизвик

Страста за нов предизвик и реосмислување на нештата не треба да се изгуби. Неретко се случува луѓето да се “држат“ до успехот постигнат во минатото не дозволувајќи проток на нови идеи и можности. Тоа што било поминало, време е за нови нешта, нови резултати, нови поголеми успеси. Она што мислевте дека е невозможно вчера, утре можеби ќе го направите.

Фото: Pexels