pexels-photo-544117

Фото: Pexels

На секој од нас му е потребно помалку или повеќе време да се “освести“ наутро и да собере енегија за денот што следи. Што и како треба да направите за да имате продуктивен ден во продолжение.

Пијте повеќе вода

Звучи многу едноставно, но сепак многу луѓе се истоштени поради дехидратација. Според едно неодамнешно истражување оние кои пијат помалку вода честопати се уморни, нерасположени, неспособни да се концентрираат и постојано чувствуваат потреба од нездрава храна. За да го спречите ова, експертите препорачуваат да пиете што повеќе вода дневно и да одбегнувате газирани пијалаци, кафе и сокови, кои можат да ве дехидрираат уште повеќе.

Смејте се

Погледнете неколку смешни видео клипови или прочитајте нешто интересно. Смеењето ќе ви помогне да го почнете денот со позитивна енергија.

Смути и појадок

Нарачајте си смути, полно со витамини, кое ќе ви даде енергија и ќе ве држи свежи. За појадок може да нарачате нешто покалорично. Наутро дозволено е оброкот да биде пообилен. Појадокот секогаш треба да биде добро балансиран и затоа најдобро е да јадете оброк богат со здрави намирници како што се житарките, зеленчуците што содржат скроб и овошје. Слободно можете да ги комбинирате овие состојки со протеини и здрави масти.

Пијалок по желба

Доколку вообичаеното утринско кафе не ви помага, пробајте да се напиете чај или овошен сок. Кај некого и какаото може да биде од полза. Што и да му делува на организмот нека биде ваш утрински ритуал за почеток на денот.

Секој ден развивајте ја вашата креативност

Нема да погрешите доколку го почнете денот со вежбање, но ако не можете веднаш да се помрднете од кревет, обидете се да поработите на еден од најважните мускули – мозокот. За да го активирате мозокот рано наутро, направете нешто креативно веднаш штом се разбудите. Некои луѓе го почнуваат денот со свирење на некој инструмент. Тоа ги активира сите делови од мозокот одеднаш. Оваа ментална вежба може да го замени утринското кафе и да ја зголеми вашата продуктивност во текот на целиот ден.