samodoverba

Фото: Pixabay

Луѓето се восхитуваат на личности полни со самодоверба. Тие се соочуваат со своите стравови и не се плашат од преземање на ризици. Без разлика какви пречки ќе им се појават на патот тие имаат способност да ги заобиколат. Самоуверените личности гледаат позитивно на работите и тогаш кога работите не се одвиваат во најдобар ред. Задоволни се со себе и се почитуваат. Самодовербата може да се научи, практикува и совлада како и секоја друга вештина. Довербата дава моќ да го освоите светот, а како може да ја зголемите самодовербата, пишува Inc.

Подалеку од негативноста и внесете позитивност

Направете процена на вашиот внатрешен круг на луѓе со кои го поминувате времето, вклучувајќи ги пријателите и семејството. Можеби ќе биде тежок потег, но сериозно размислете за оттргнување од луѓето кои ја уништуваат вашата доверба. Влезете со позитивен став во започнувањето на некој проект. Не се фокусирајте на проблемите во вашиот живот, туку во наоѓање на решенија и преземање на позитивни промени.

Говор на тело – контакт со очи, насмевка, умерено говорење

Преку контакт со очи, насмевка, умерено говорење оставате добар впечаток кај соговорникот. Самиот чин на влечење на рамениците наназад дава впечаток дека сте самоуверена личност. Смеењето не само што прави да се чувствувате подобро, туку и луѓето во вашата околина ќе се чувствуваат поудобно. Гледајте во очите на соговорникот, а не во чевлите – одржувањето на контакт со очите покажува доверба.

Не прифаќајте неуспех

Никогаш не се откажувајте и не го прифаќајте неуспехот. Исфрлете ги негативните мисли од вашата глава бидејќи тие ја поткопуваат вашата самодоверба.

Бидете подготвени

Научете сè што е потребно за вашата област, работа, презентација… Ако сте добро подготвени и имате знаење вашата самодоверба ќе се зголеми.

Креирајте листа на успеси

Животот е полн со предизвици и постојат моменти кога е тешко да ја задржите самодовербата на високо ниво. Затоа, направете листа во којашто ќе ги наведете работите за коишто се гордеете и сте благодарни, а кога ќе почувствувате дека вашата самодоверба е разнишана погледнете во листата и потсетете се на позитивните работи.