Можеби една од најтешките работи при интеракцијата со други луѓе е да се остане со мирна глава кога гневот почнува да надвладува. Секој од нас бил во ситуација каде едвај се воздржал (или пак не) да ги истури своите негативни емоции врз некого.

Следниве пет совети ќе ви помогнат да си го смирите нервниот систем и кога тоа ви изгледа невозможно.

Поставете јасни граници

Кога некој ја преминал границата со вас, и ако истото се случило неколку пати, дајте му/и до знаење дека повеќе не смее тоа да го прави, односно поставете лимит. Така на еден тактички и смирен начин ќе укажете дека повеќе не дозволувате тој/таа да го нарушува вашето достоинство и авторитет.

Дознајте што е вистинската причина за гневот

Честопати вашите претерани емоции на гнев имаат друга “позадина“, односно се акумулирале од случка/ки од минатото. Прочепкајте малку подлабоко по чувствата и дознајте што точно ги активирало негативните емоции. Така полесно ќе се справите со нив.

Пауза

Кога ќе почувствувате дека гневот ве надвладува, едноставно застанете. Направете пауза, излезете некаде, кажете дека ви треба малку слободно време. Доколку сте во можност во тој момент, побарајте совет од личност на која и верувате.

Искажете ги чувствата

Откако ќе ги процесирате мислите и емоциите, многу е важно да искажете како се чувствувате. Потенцирајте што точно била причината за вашата нервоза. Штом се ќе споделите на убав начин, не заборавајте да ги нагласите и границите до коишто можете да го толерирате однесувањето од конкретната личност.

Наградете се

Голем успех е да се менаџираат негативните емоции во денешниот свет исполнет со секојдневни стресни ситуации. Ако успеете во тоа, задолжително прославете. Дајте му го на вашето тело и ум она што навистина го сака. Вашите мисли ќе го запаметат тоа и мозокот ќе се програмира да реагира смирено и позитивно.