Фото: Pixabay

Како да препознаете талентиран и посветен работник во продолжение…

Имаат комбинација од вештини

Ова е најочигледниот атрибут. За да бидат успешни во постепено поважните улоги, вработените мора да имаат интелектуални, технички и емоционални вештини (вродени и научени) за справување со сложени предизвици. Вработените со висок потенцијал, не само што добро ги извршуваат своите работни задачи, тие исто така брзо учат и стекнуваат нови вештини.

Ангажирани се

Вработените кои имаат голем потенцијал, се исклучително ангажирани вработени, кај кои се познава значителна посветеност на успехот на компанијата што се протега надвор од сопствените индивидуални перформанси. Тие честопати се пример за многу квалитети кои се најмногу ценети во рамките на компанијата. Освен тоа им помагаат на другите вработени колку што е потребно, со цел да се зајакне севкупната ефикасност и успех на тимот.

Преземаат иницијатива

Талентираните вработени не чекаат да им кажете што да прават. Тие постојано размислуваат за нови идеи и се желни да преземат повеќе работа. Секогаш кога се појавува проект, тие обично се првите што доброволно се пријавуваат да работат на него.

Знаат да работат под притисок

Кога има повеќе работа или кога треба да завршат некоја задача побрзо од обично, тие не губат нерви и остануваат мирни, ладни и собрани – дури и кога станува тешко. Многумина од нив, дури напредуваат во ситуации кога се под притисок.

Поставуваат прашања

Бидејќи тие се заинтересирани за иднината на компанија, поставуваат многу прашања. Дури и ако се уште не се на менаџерски позиции, сакаат да се осигураат дека правилни одлуки се донесуваат во секое време.

Можат да прифатат дека не се секогаш во право

Дури и најпаметните луѓе во светот, знаат да згрешат од време на време. Затоа, вработените кои имаат талент, го знаат ова и се подготвени да преговараат за своите идеи, а во некои случаи и да се откажат од истите. Кога сфаќаат дека некој има подобра идеја, тие се подготвени да го поддржат.

Преземаат одговорности надвор од описот на работното место

Тие знаат дека нивните работни задачи не мора да бидат ограничени само на она што е напишано во нивниот опис на работното место. Не им пречи да превземат дополнителни обврски и честопати се справуваат со задачи за коишто не се директно одговорни.