Фото: Pixabay

Ако и вие сте меѓу оние кои се грижат за секоја ситница, пробајте да го примените најважното правило – запрашајте се дали тоа еднакво ќе ве “измачува“ за 6 месеци.

Нема потреба да се грижите, секогаш има работи над кои немаме контрола и тие им се случуваат на сите.

Самоконтрола

Секогаш ќе има тешки моменти и ситуации за кои ќе ви се чини дека нема излез, но ако навистина не можете да направите ништо да ги промените, со грижата само ќе ја влошите ситуацијата. На пример, не може да влијаете на однесувањето на другите, колку и да сакате. Доколку некој ваш колега се однесува непримерно и лошо и тоа вас ви оди на нерви, сфатете дека што и да направите нема да го промените. Едноставно ќе мора да научите да ги гледате позитивните работи во неговиот карактер. Исто така, доколку некој состанок е откажан, а вие сте се подготвувале цела ноќ за истиот, нема потреба да се нервирате, размислете дека ќе имате уште повеќе време да ги разгледате идеите што сте сакале да ги презентирате.

Извлечете го најдоброто од секоја ситуација

Треба да запомните една работа. Повеќето мали грешки може добро да ни дојдат, од нив сигурно ќе научиме нешто. Ако еднаш сте заборавиле да направите вака или онака следниот пат, ќе постапите правилно. Не е лесно, но секој може (и мора) да го извлекува најдоброто од секоја ситуација. Ни ви дадоа шанса да се докажете на состанокот? Без грижи, за следниот ќе бидете посмели и веднаш ќе знаете што треба да кажете.

Бидете свои

Кога сме опуштени, искрени и верни на себе, дури тогаш може да се покажеме во најдобро светло. Опуштеноста и безгрижноста ќе зрачи од вас, па ќе научите да живеете со полни гради. Заборавете на тоа што (не) се случило. Секоја грешка е само лекција плус, а секоја грижа само минута минус. Се` над што немате контрола, не е вредно за вашето време и нерви.

Сетете се на овие совети секогаш кога ќе се најдете во ситуаиција да се нервирате за ситници и за работи кои не зависат од вас.