vestini-2-pixabay

Фото: Pixabay

Работодавачите во процесот на интервјуирање кај кандидатите бараат да поседуваат два вида на вештини: меки и тврди вештини. Која е разликата помеѓу овие вештини? Тврдите вештини се однесуваат на стручност во одредена област, техничка подготвеност, знаење и искуство стекнато во училиште, на факултет или некој вид на обука, пишува The Balance.

Примери за тврди вештини:

Познавање на странски јазик

Диплома или сертификат

Брзина на пишување

Работа на машина

Компјутерско програмирање

Тврдите вештини се наведуваат во мотивациското писмо или биографија и работодавачот може лесно да ги препознае. За разлика од тврдите, меките вештини се субјективни вештини кои е тешко да се проценат. Познати како “човечки вештини“ или “интерперсонални вештини“, меките вештини се однесуваат на начинот како се однесувате и комуницирате со другите луѓе.

Примери за меки вештини:

Комуникација

Флексибилност

Лидерство

Мотивација

Трпение

Убедување

Решавање на проблеми

Тимска работа

Управување со време

Работна етика

Какви вештини бараат работодавачите кај кандидатите

Додека некои тврди вештини се неопходни за одредена позиција, работодавачите повеќе ги гледаат меките вештини. Тоа е така бидејќи за работодавачот е полесно да го обучи работникот, на пример, како да користи одредена компјутерска програма, отколку да го обучи кандидатот на некоја мека вештина, како што е трпението.

Нагласете ги меките и тврдите вештини

За време на интервјуто за работа и во вашата биографија истакнете ги двата вида на вештини. На овој начин ако ви недостасува одредена тешка вештина може да наведете мека вештина што ќе биде корисна за позицијата за којашто аплицирате.