Фото: Pexels

Сакате да добиете унапредување, а вашиот шеф не го ни знае вашето име? Ова е чест проблем, посебно во денешното опкружување.

Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат да се истакнете на работното место..

Имате мислење? Кажете го

Она што веројатно поголем број од луѓето не го сфаќаат е дека многу работници се плашат да го привлечат вниманието на себе, најчесто од страв и несигурност. Вистината е дека повеќето добри менаџери всушност бараат луѓе кои имаат свое мислење и не се плашат да го кажат Дури и ако не сте во право, менаџерите ќе ја ценат ваша храброст и проактивност.

Бидете брзи во одговорот

Во светот во кој живееме постојано сме бомбардирани со мејлови, телефонски повици и пораки и вообичаено е да се чека на одговор на прашање и по неколку дена, понекогаш дури и недели. На крајот на краиштата сите сме презафатени со својата работа.

Оние кои се истакнуваат се луѓето кои реагираат на сите повици во вистинско време. Дури и ако одговорот е само “Благодарам” или “Ја примив вашата порака и набрзо ќе ви се јавам”, со ова даваме до знаење дека сме одговорни и професионални.

Фокусирајте ја вашата комуникација

Ако во разговорот не можете да додадете ништо продуктивно, подобро не зборувајте воопшто. Меѓутоа, кога имате нешто продуктивно да додадете, проговорете.Вашите соговорници така ќе научат дека кога вие зборувате, зборувате со причина. Ќе знаат дека имате нешто важно да кажете и дека треба да ве слушаат.

Ако нешто не знаете, кажете дека не знаете

Ако не го знаете одговорот на некое прашање, признајте со дополнување дека ќе се потрудите да го дознаете. Битно е да го одржите ветувањето и да се јавите со точните податоци.

Преземете одговорност

Доколку направите некоја грешка, преземете одговорност, наместо да ја префрлате “топката“ на друг. Ова е најлошото нешто што може да го направите. Иако веќе сте направиле грешка, со превземање одговорност за истата, ќе добие повеќе почитување.