rage-1564031_960_720

Фото: Pixabay

Додека умерената доза на его е здрава, често може да се сретнеме со луѓе чие его е неподносливо и навистина иритантно.

Ваквите луѓе на работното место може да бидат навистина непријатни, бидејќи не поднесуваат критика и мислат дека се најпаметни и најдобри.

Утврдете ги границите

Да соработувате со некој кој има големо его, значи да знаете кога треба да притискате, а кога се повлечете. Ако сакате да го извлечете најдоброто од луѓето со кои работите, често мора да им кажете по некој убав збор. Пофалбите и убавите зборови, или едноставно “нежниот” пристап, можат да бидат клучни за да го поттикнете ваквиот колега на соработка. Внимавајте само да не претерате. Поставете граници и држете се до нив.

Бидете сигурни

Кога разговарате со ваков тип на човек, не смеете да покажете слабост и несигурност. Речениците што почнуваат со “Мислам…” или ,“Ми се чини…”, се реченици преку коишто само ја покажувате вашата несигурност и дека соговорникот е поважен и попаметен од вас.

Бидете строги

Ако постојано се обидувате да одговарате дипломатски, тоа ќе ви се “одбие“ од глава. Не плашете се да бидете строги и да му покажете на соговорникот дека ги поминал границите на пристојно однесување. Бидете директни и потенцирајте дека тоа не е во ред, а потоа свртете се и почнете да зборувате со друга личност.

Не пробувајте да разберете

Наједноставен начин да се изнервирате е да пробате да ја разберете личноста со големо его. Тие често не се рационални, ниту можат да го видат светот од вашата перспектива, а честопати нивното однесување и зборови немаат никаква смисла. Ако пробате да ги разберете ваквите личности, само ќе си наштетите самите на себе. Едноставно прифатете го фактот дека тие ги гледаат работите комплетно различно од вас.