Фото: Pixabay

Многумина, барем еднаш доживеале ситуација на работа кога шефот ќе ја изгуби контролата и ќе почне да вика. Еве како да реагирате во тие моменти.

Побарајте состанок

Личноста која комуникацијата ја продолжува со повисок тон, всушност покажува дека ја губи контролата и дека е на работ на нервите. Доколку ви се случи токму ова и вашиот шеф изгуби контрола, најдобро би било да побарате приватен разговор преку којшто ќе се разјасните.

Објаснете ја ситуацијата

Бидете смирени, но сепак кажете нешто во своја одбрана. Доколку се работи за грешка или погрешна интерпретација којашто го навела вашиот шеф да ве обвини за нешто, кажете го тоа веднаш.

Признајте ги своите грешки

Доколку вие сте направиле грешка, признајте и побарајте прилика да ја поправите. Не барајте празни изговори и не пробувајте да се оправдате.

Понудете решение

Без разлика дали се работи за ваша грешка или не, сепак понудете решение. Бидете разумни и останете смирени. Полека почнете да давате конструктивни идеи за надминување на проблемот.

Никогаш не возвраќајте со викање

Никогаш, не дозволувајте на викањето да возвратите со викање. Без разлика што сте вознемирени или емотивни, вашето викање само ќе придонесе за уште полош развој на ситуацијата.

Завршете ја расправата

Секој конфликт на работа, без разлика дали се работи за викање или помало недоразбирање, завршете го со заклучок. Проверете со својот соговорник дали сè е решено и јасно. Не ги оставајте работите половично завршени. Така само ќе условите повторно недоразбирање и непријатна ситуација.