klient1

Фото: Pexels

Справувањето со “тешки“ клиенти може да изгледа како неблагодарна работа, но за среќа можете да развиете вештини за да се прилагодите на предизвикот во справувањето со нив. Ако знаете што точно треба да им кажете, тешката ситуација може да се спаси. Постојат неколку начини како може да се справите со несреќните или незадоволни клиенти, пишува Quick Books.

Не се карајте

Бучниот, груб, непристоен клиент може да го очекува истото од вас. Не возвраќајте им со иста мера бидејќи ќе изгубите. Запомнете дека може да ве гледаат други клиенти или вработените. Справете се со вознемирениот клиент со самоувереност.

Побарајте решение

Наместо да понудите да го решите проблемот на ваш начин, прашајте го клиентот што би го направил среќен. Со ваквиот гест ќе покажете дека сте сериозни во исправување на грешката.

Бидете емпатични

Емпатијата значи дека ги разбирате чувствата на другата личност. Кажете му на клиентот дека разбирате зошто е загрижен, дека сакате да помогнете, дека ви е жал …

Побарајте насока

Има клиенти кои постојано се незадоволни. Ако тие постојано имаат проблем со вас, вашиот производ или услуга, тогаш разговарајте и побарајте насоки од нив.

Не се кријте зад правилата

Кога клиентите се вознемирени, последно нешто што сакаат да слушнат е дека нивните решенија се против политиката на компанијата. Може да се придржувате кон правилата, но понудете флексибилност. Не се плашете да направите мал исклучок.

Едуцирајте ги клиентите

Ако некои клиенти секогаш се жалат за високите цени, едуцирајте ги. Објаснете им ги трошоците поврзани со вашите производи. На тој начин подобро ќе ја разберат вашата позиција.

Останете фокусирани

Еден негативен и груб клиент е доволен за да го уништи вашиот ден, но обидете се да останете фокусирани на вашата работа и кон останатите клиенти.