Фото: Pexels

Синдромот на исцрпеност е честа појава кога се на праг годишните одмори. Преоптовареноста со работата се манифестира со хроничен умор, нервоза, фрустрација и намалување на концентрацијата и толеранцијата.

Еве како може да си помогнете:

Јадете храна која опушта

Зголемете ја конзумацијата на риба, зеленчук, јаткасти плодови и маслиново масло. Од друга страна избегнувајте мрсна и зачинета храна, пијалоци со шеќер и алкохол.

Движете се

Искористете го сончевото време за активирање на целото тело. Ваш избор е дали ќе пливате или ќе пешачите или ќе одберете некоја друга физичка активност. Имајте на ум, дека физичката активност ги намалува последиците од стресот и поттикнува лачење на хормонот на среќата – ендорфин.

Опкружете се со тишина

Ако живеете во град, големи се шансите дека сте заборавиле што значи опуштање во потполна тишина. Бучавата која доаѓа од сите страни може да има негативен ефект врз вашиот нервен систем. Кога сме нервозни телото го лачи хормонот кортизол кој влијае на вашето здравје и на квалитетниот сон. Истражувањата покажале дека за опуштање и промена на расположението е доволно само 5 минути тишина дневно. Оддалечете се од сите извори на бучава, склопете ги очите и концентрирајте се на дишењето.

Наспијте се

Ако сакате да ги наполните батериите, да се ослободите од стресот и да бидете поопуштени , најважно од се е да се наспиете. На телото му е потребно континуиран ноќен одмор во траење од 7-8 часа. Но, не заборавајте дека квалитетниот душек и перница се исто така од огромно значење за добриот сон.

Исклучете го телефонот на неколку часови

Во денешно време е скоро невозможно да функионираме без телефон, но пожелно е доколку можете барем неколку часови во денот, да ги исклучите телефонот и сите елетронски уреди. Истражувањата покажале дека проверуваме е-маил, пораки и нотификации, во просек на секои 6 минути, па не е чудно што не можеме да се опуштиме.

Затоа исклучете телфон кога сте дома, опкружени со фамилијата и пријателите и кога постојат реални шанси дека нема да пропуштите некој важен повик. Наместо да гледате во екран, опкружете се со вашето друштво и поминете квалитетно време заедно.