pexels-photo-273691

Фото: Pexels

Шест корисни совети што ќе ви помогнат да изградите сопствен бренд на интернет.

Секој може да изгради личен бренд

Столарите, адвокатите, организаторите на свадби – сите би требало да размислат за свој личен онлајн бренд. Без разлика што работите може само да имате корист од брендирањето и да го развиете и проширите својот бизнис.

Со Facebook, Twitter и Instagram профили веќе сте на добар пат

Читајте ги вашите стари објави и направете детална анализа. Издвојте ги најдобрите, најлајкуваните и најсподелуваните и на тој начин одредете ја вашата публика и цел.

Бидете спремни да инвестирате во својот бренд

Советник, веб дизајнер, фотограф, креативен новинар се само мал дел од луѓето кои можат да ви помогнат да го развиете вашиот бренд. За секој успешен бренд се потребни професионални фотографии, промо текстови и соодветен веб сајт.

Поставете граници

Вашиот онлајн бренд е професионална алатка, па затоа не би требало претерано да експонирате детали од вашиот приватен живот. Иако вашиот животен стил може да биде јавен, задржете ја приватноста за себе. Бидете културни и професионални во секој сегмент особено во односот со вашите клиенти.

Лајковите се битни

Доколку имате многу “следачи“ и активна публика, би требало да имате многу лајкови коишто би можеле да се претворат во пари. Исто така, лајковите им даваат до знаење на новите посетители на вашата страна дека вие веќе имате активна публика која ви верува.

Бидете искрени во вашето онлајн претставување

Немојте да се правите она што не сте – вистината кога тогаш ќе се открие. Немојте да ги лажете вашите потенцијални клиенти, во спротивно брзо ќе ја изгубите репутацијата и можеби никогаш нема да ја вратите.