На втори и трети декември, ЦЕЕД клубот на бизнис ангели во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact, со поддршка од Министерството за економија, организира настан со Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели (BAS).

Настанот ќе вклучува специјализирана обука за бизнис ангели, како и pitching на бизнис идеи.

Во недела, на втори декември, членовите на ЦЕЕД клубот на бизнис ангели ќе се сретнат со господин Браун во просториите на ЦЕЕД Македонија. Следниот ден, понеделник во просториите на ЦЕЕД Хаб Скопје ќе се одржи pitching на нови бизнис идеи и специјализирана обука за бизнис ангели.

Арон Браун, кој е активен член на BAS од 2005 година, ќе го презентира своето искуство како бизнис ангел, ќе ги запознае присутните со придобивките на бизнис ангелите и зошто треба да се инвестира во добра бизнис идеја. 

За повеќе информации за обуката, слободно обратете се на 076 496 616 или на еmail: bramljak@ceed-macedonia.org.

Бизнис ангелите инвестираат одреден процент од своите пари во бизнис проекти или старт – ап програми. Можат да дејствуваат индивидуално или во групи. Оние бизнис ангели кои се дел од група, следат одредени протоколи и настани во рамки на членството. Понекогаш ангел инвеститор или бизнис ангел може да биде и член од фамилијата или близок пријател. Сепак, бизнис ангелите најчесто се искусни претприемачи, кои обично инвестираат во личноста, а не само во потенцијалот на бизнисот.

За CEED Клубот на Бизнис ангели

CEED Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран како подклуб на членовите на CEED Business and Learning Club – Gold, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Од jануари 2016 година, CEED Business Angels Club е официјално членка на Европската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network).

Во клубот моментално членуваат 19 претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично. Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на 2 април 2014 година. По тригодишното постоење на CEED Business Angels Club, во месец декември 2014 година е направена првата инвестиција, втората во мај 2015, третата во јуни 2016, четвртата во јули 2017. Моментално се разгледуваат уште четири потенцијални идеи. Досега биле вкупно презентирани 125 бизнис идеи, а инвестирани се 250.000 евра во македонски компании и стартапи.